Македонија
6. September 2024 - 16:07

Скопје: Таксист нападнал и ограбил татко и ќерка од Турција

На 05.09.2024 во 22.05 часот во СВР Скопје, Б.Ч.(21) од Република Турција пријавила дека во 19.44 часот на подрачјето на Центар, едно лице–таксист, кој управувал  патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки и кој ги превезувал неа и нејзиниот татко Ф.Ч.(47) им побарал 2.500 денари за дестинација која била кратка, по што пријавителката се побунила за износот, но таксистот со употреба на физичка сила од нејзината рака и одзел 2.000 денари, а потоа ги истерал од такси возилото.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.