Loading Video...
Спорт плус
5. September 2022 - 19:54

Скопје домаќин на светскиот куп во пинг понг за јуниори

Youth Star Contender е еден од највисоко рангираните турнири во младинска конкуренција за играчи од цел свет. Турнирот во Скопје е еден од 6-те турнири од овој ранг кои се организираат низ цел свет и кој ќе се одржи во периодот од 7-11 септември 2022 година во СЦ Борис Трајковски.
Конечно може да се пофалиме дека и Скопје т.е. Македонија е на светската мапа на пинг-понгот.
Категории во кои ќе се натпреваруваат светските млади звезди се: момчиња У15 и У19 поединечно и двојки, девојки У15 и У19 поединечно и двојки, мешани двојки.
На ден 07.09.22 и 08.09.22 ќе се играат натпреварите во машка конкуренција, со тоа што на 08.09.22 попладне ќе се играат финалињата во машки У15 и У19 категории поединечно и двојки.
На ден 09.09.2022 ќе се играат натпреварите од мешани двојки и истиот ден ќе се играат и финалињата од мешани двојки.
На ден 10.09.22 и 11.09.22 ќе се играат натпреварите во женска конкуренција, со тоа што на 11.09.22 попладне ќе се играат финалињата во женски У15 и У19 категории поединечно и двојки.
На турнирот ќе земат учество околу 120 најдобри светски играчи, а нашата репрезентација ќе биде рамо до рамо со  едни од најдобро рангираните играчи во светот кои доаѓаат од следните држави: Австрија, Белгија, Германија, Франција, Кина, Јапонија, Кинески Тајпеј, Бугарија, Хрватска, Колумбија, Англија, Грција, Унгарија, Индија, Ирска, Израел, Италија, Мексико, Полска, Португалија, Норвешка, Кореа, Словачка, Шпанија, Шведска, Тајланд, Порторико.
Некои играчи кои се истакнуваат се Mаciej Kubik од Полска и Sora Matsushima од Јапонија кои се во топ 10 на светска ранг листа и PAVADE Prithika која е дел од францускиот олимписки женски тим. COTON Flavien од Франција e тековен европски првак во категорија У15 и BOGDANOWICZ Natalia од Полска која што е вице шампион од последното европско првенство во категорија У15. Секако овде се и виртуозите од Кинам Јапонија и неколку други земји кои и не настапуваат на сите рангирани турнири а по квалитет се на врвот во свестки рамки. 
Наши играчи што ќе настапат се: Александар Јакимовски и Стојчев Лука во категорија У15 момчиња поединечно и двојки, Фани Јовановска и Изабела Ковачовска во категорија У15 женски поединечно и двојки, Ана Стојановска и Катерија Лаура Михајлов во категорија У19 женски поединечно и двојки. Во категорија У15 мешани двојки исто така ќе настапат Александар Јакимовски, Стојчев Лука, Фани Јовановска и Изабела Ковачовска.
Информации и резултати од турнирот може да се следат на следниот линк: https://worldtabletennis.com/eventInfo?eventId=2561 
Влезот во салата секој ден за времетраење на турнирот е слободен.