Македонија
24. September 2018 - 13:42

Скопјани се степале пред ресторан

Вчера во 22,00 часот било пријавено дека пред ресторан на улицата "Цветан Димов" нарушен бил јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка помеѓу лицата А.Е.(19) и А.Е.(31) од една страна и А.М.(25) сите од Скопје од друга страна.

До нарушувањето дошло поради претходно недавање првенство во сообраќајот. 

Лицата биле приведени во Полициска станица и по целосно документирање на случајот изготвени се три записници за констатиран прекршок по член 11 став 2 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.