Скопјанец извршил насилство врз сопругата и двете ќерки
Четириесет и двегодишниот М.М. од скопско Зелениково синоќа ивршил насилство врз неговата сопруга Т.Б.М. (39) од Скопје и двете ќерки.
Како што соопшти МВР, инцидентот го пријавила Т.Б.М. околу 22:00 часот во Полициската станица во Кисела Вода.
- Кога М.М. дошол во дворот од нејзиниот дом со нивната 13-годишна ќерка веднаш почнал да и се заканува. Ги турнал децата и физички ја нападнал Т.Б.М., удирајќи ја по главата и лицето и ја влечел за косата. Тој со клоци ја удирал и постарата ќерка А. М. (18). Откако реагирал чичкото В.Б. (56) и му рекол да си оди, насилникот си заминал. Помалата ќерка ја известила мајка си дека пред да ја донесе, околу 20.00 часот во неговиот дом физички ја нападнал и ја повредил на надлактицата на десната рака, се наведува во соопштението.
Од физичкиот напад Т.Б.М. се здобила со видливи повреди во пределот на лицето на десната страна во вид на гребаница, А.М. се здобила со модринки на двете надколеници, а помалата ќерка се здобила со видлива повреда на десната рака.
На сите им била укажана лекарска помош во ГОБ „Св.Наум Охридски“.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Мицкоски ги повика турските компании да аплицираат за унгарскиот кредит
-
Мицкоски: Ако ги изгубиме локалните веднаш ќе одиме на предвремени избори
-
ДСЗИ ќе проверува дали Детска го решила проблемот со дежурстрвата на специјализантите
-
Дијабет центар во Прилеп
-
Субвенции за сончоглед
-
Преглед на вестите од светот
-
Трет обид за ликвидација на Раде Трајковски Штекли - Фрлена бомба во двор на неговата куќа
-
Собранието ја стартува расправата за буџетот, поднесени над 300 амандмани