Свет
11. November 2015 - 15:50

Скандал во Ватикан: Имот се користи за бордели и салони за масажи каде свештениците плаќаат за секс!

Недвижност во сопственост на Ватикан служи како сауни и салони за масажи каде свештениците плаќаат за секс, стои во уште еден извештај за црквата, чии детали почнаа да искачаат во склопот на аферата „Ватликс“.
 
Во нив се наведува и дека Ватикан вредни недвижнини во средиштето на Рим изнајмува по пониски цени од вредноста на пазарот, и дека на тој начин се „враќа услугата“.
 
Две улици во близина на италијанскиот парламент се наведени во овој документ. Постојат тврдења дека ватиканската организација Конгрегација за веронаука управува со стотина недвижнини во Рим чија ведност се проценува на стотина милиони евра. Во сопственост на Ватикан е и стамбениот блок во Рим во кој беше и познатиот „Europa Multiclub“.
 
Станува збор за најпознатата геј сауна во европа во која биле организирани разни тематски вечери, а се промовира со видео на кое влакнест маж се соблекува и потоа облекува свештеничка облека.