СивМилЕр: „Авион на Страшниот суд“ полета од базата Рајт Петерсон
Американско воено летало од типот „Боинг Е-4Б Најтвоч“, познат како „Авион на Страшниот суд“, полета од воздухопловната база Рајт Петерсон во сојузната држава Охајо, објави сајтот СивМилЕр, чија специјалност е следење на полетите на воени и цивилни авиони.
Информации за полетување на авион од овој тип беа пласирани и во неколку објави на Твитер.
„Боингот Е-4Б Најтвоч“, кој ја има улогата на национален воздушен оперативен центар, е наречен „Авион на Страшниот суд“ затоа што се смета дека тој би бил користен во случај на нуклеарен воен конфликт.
Американското Министерство за одбрана засега ниту ги потврди, ниту ги демантираше ваквите информации. Портпаролот на Пентагон, Том Кросон изјави дека Минисетсрвото не објавува никакви дополнителни информации во врска со ова тврдење.
Од друга страна, американското Воено воздухопловство информира дека најмалку еден Е-4Б „секогаш, седум дена во неделата, по 24 часа се наоѓа во состојба на готовност“ во некоја од големиот број бази ширум светот, следејќи го развојот на настаните во глобални рамки и со цел да им пружи директна поддршка на претседателот, министерот за одбрана и началникот на Здружениот генераштаб на Вооружените сили на САД.
Авионите „Е-4Б Најтвоч“ располагаат со системи за заштита од електромагнетни импулси и од влијание од нуклеарно оружје и се опремени со најсовремени комуникациски уреди. Авионот може да се танкира со гориво во текот на летот и има може да превезува до 120 лица.
Ново на Сител
-
Албанија ги почнува преговорите со ЕУ, Македонија останува во европската чекална
-
Бугарските политичари го поздравуваат раздвојувањето на Македонија и Албанија
-
Мицкоски за одлуката на Брисел: Ова е диктат, не дозволувам двојни стандарди врз грбот на Македонија
-
Гаши тврди нема ингеренции за бранителите, се било во доменот на Илире Даути
-
Нови цени на 2.500 производи – викендов стартува Законот за нефер трговски практики
-
Одлуката на Уставен ќе ги седне на маса Владата и здруженијата против присилна наплата на долгови
-
Долгот во здравството намален за 2 милијарди денари
-
Инспектори од други градови ќе ги ловат загадувачите во Скопје