Македонија
26. September 2024 - 16:38

Долгот во здравството намален за 2 милијарди денари

Од 5 на 3 милијарди денари е намален долгот на јавните здравствени установи. Најголемите должници на кои им се закануваше и блокада на сметките се спасија а здравствените домови веќе не должат ништо. 30 те милиони евра за покривање на третина од долгот се обезбедени со ребаланс на буџетот и заштеди на Фондот за здравствено осигурување. 

- Развивме еден план за санација на долговите кој има два столба. Едниот е зголемена контрола за да разбереме кои се причините за тој долг бидејќи само финансирање без да знаеме зошто расте нема да го реши проблемот, вели Сашо Клековски, директор на Фонд за здравствено осигурување. 

Очекувањата се долгот да биде сведен на нула во 2025 година. Во меѓувреме траат и контролите во јавните здравствени установи каде досега биде откриени голем број на злоупотреби. 

-Во сите контроли што ги правиме во јавно-здравствени установи има злоупотреби. Колку контроли ќе успееме да направиме, толку злоупотреби ќе има, „Не е само несовесното и недомаќинско, туку и незаконско работење во скоро сите контроли досега ги имаме направено.
Планост за санација и намалување на долгот менаџментот го презентираше и пред премиерот кој беше во посета на Фондот. Мицкоски вели со домаќинско работење и останатиот долг може да биде намален.

Инаку најголеми должници беа клиниките за онкологија, гинекологија и торакална хирургија.