Loading Video...
Свет
28. September 2024 - 16:32

Преглед на вести од светот

ХЕЗБОЛАХ ЈА ПОТВРДИ СМРТТА НА ЛИДЕРОТ ХАСАН НАСРАЛА

Либанската милитнатна група Хезболах  остана без нејзниот лидер , 64 годишниот Хасан Насрала. Хезблах преку телевизико соопштение  потврди дека израелскаат армија   го ликвидирала во  синоќешните воздушни  напади насочени кон централниот штаб  на групата  во Бејрут. Харизматичнит свешеник и вешт оратор, Насралах  беше избрна за шеф на Хезболах на 32 годишна возраст. Групата во соопштението порача  дека нападите врз Изрел ќе продолжат се додека Тел Авив не ја прекине војната во Газа.

Штабот во кој бил Насрала  , според изарелската армија  бил под земја, скриен под станбените згради во населбата Дахије . Во акцијата биле убиени  и други високи членови на  Хезболах. Изарел се надева дека смртта на Насралах  ќе ја принуди групата да го промени курсот и да ги прекине  нападите  врз Северен Изарел.

- „Ова не е крајот на нашаите акции , треба да биде многу јасно, има повеќе алатки што можеме да ги користиме понатаму. Пораката е едноставна: кој и да им се заканува на граѓаните на државата Израел - ќе знаеме како да стигнеме до таму. на север, на југ, дури и на подалечни места, изјави шефот на изарелската армија ХЕрзи Халеви.

Врховниот лидер на Иран, ајатолохаот Хамнеи ги повика муслиманите со сите средства да го поддржат Либан и либанската грпа Хезболах во конфликтите со Израел.  

Судбината на овој регион ќе ја одредат силите на отпорот, со Хезболах на чело порача Хамнени додека војската  на Изарел објави дека Израел е во состјба на готовост за поширок конфликт.

Со значителна финансиска и политичка помош од Техеран, Насралах го изгради Хезболах во моќна политичка и воен сила  во Либан и можен противник на Изарел. .Групата  контролира голем дел од Јужен Либан.  Насралах, со години не се појавуваше  во јавност,поради стравувањата дека ќе биде убиен од Израел.  Последата закана кон Израел ја испрати на 19 септември   по експлозиите на пејцери и воки токи уреди што ги користеше Хезболах, но остана нејасен за времето и начинот на одмазда.

Израелската  армија и денеска изведува воздушни напади врз цели на Хезболах во Либан а групата возвраќа со ракети кон воени цели во Северен Израел.

УРАГАНОТ ХЕЛЕН ОСТАВИ ХАОС ЗАД СЕБЕ: 44 ЛИЦА ЗАГИНАА, 4 МИЛИОНИ ОСТАНАА БЕЗ СТРУЈА

Бројот на жртвите од ураганот Хелен, што го погоди  југоисточниот дел на САД  се зголеми на 44 . Вонредна состојба е прогласена  Флорида, Џорџија, Алабама, Каролина и Вирџинија. Хелен остави без струја 4,6 милиони луѓе и предзвика голема шетата на домовите и инфраструктурата.

„Ова е најлошото. Ништо не е ни приближно до тоа. Ми ја поплави куќата, вели жител  на Флорида, Тед Силор.

УКРАИНА - НАЈМАЛКУ 9 ЗАГИНАТИ ВО РУСКИ НАПАД НА БОЛНИЦА ВО СУМИ  

 Русија утрово  изврши воздушен  напад  врз болница во регионот Суми во Севроситочна Украина, при што загинаа најмалку девет  лица, а десет се ранети обајвија украинските власти.  Според министерот за внтарешни работи Игор Климнеко во монетот на нападот  во болницата биле 86 пациенти и 38 вратботени.  Нападите врз градот Суми и регионот Суми станаа многу почести откако украинските сили  почнаа операција во рускиот регион Курск во август и зазедоа десетици населени места.