Македонија
3. March 2024 - 17:12

Сите министри, заменици и секретари што ги предложив како премиер се жени, кажа Ковачевски

- Сите министри и заменици кои ги предложив додека бев премиер се жени, рече лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски кој денеска се обрати на традиционалниот Осмомартовски Марш по повод Денот на жената. 

Ковачевски кажа дека Владата предводена од СДСМ направила големи исчекори во обезбедувањето на родовата еднаквост и рамноправност.

- Тука сме да им оддадеме почит на бестрашните хероини кои одиграа клучна улога во отпорот на фашизмот за време на народно ослободителната борба, а СДСМ како државничка партија е директна наследничка на НОБ и вредностите на антифашизмот, рече генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски.

Се обрати и директорката на УЈП, Лукаревска која потенцираше дека е горда за направените чекори за унапредување на женските права.

На маршот присуствуваа десетици граѓани кои движејќи се го вееја македонското и знамето на Европската Унија.