Македонија
16. October 2024 - 13:55

Сите биле присутни, а пукал Палевски: Маневски посочил каде е закопано телото на Панче

Маневски ги одвел истражителите до местото каде што било закопано телото на убиениот Панче Жежовски, потври пред судот началникот на СВР Велес, Ристо Самарџиев

„Нè однесе во месноста викана Кула по пат од макадам. Точно знаеше каде нè води. Нема шанси да се пронајде ако некој не ви каже, се работи за дупка обрасната со дрва. Велибор кажа дека сите биле присутни, а пукал Палевски“, објасни началникот.