-->
-->
Сириските воени извори демантираат дека е извршен ракетен напад врз военовоздухопловната база „Шајрат“
-->
Сириски воени извори ги демантираат информациите дека е извршен ракетен напад против военовоздухопловната база Шајрат во провинцијата Хомс, јави агенцијата ДПА.
Изворите за агенцијата рекле дека сириската противракетна одбрана се активирала рано денеска, но се покажало дека тревогата е лажна.
Сириската државна агенција Сана претходно јави дека противракетната одбрана пресретнала некои од наводните проектили. Други медиуми јавија дека биле неутрелизирани девет ракети. Таквите информации во сириската државна телевизија подоцна беа извадени од вестите.
Воздухопловната база Шајрат е истата која САД ја нападнаа минатата година како одговор на нападот со сарин на градот Хаин Шејхун кој е под контрола на бунтовниците.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Евиденција на основните средства на јавните комунални претпријатија
-
Дали ќе поскапи струјата?
-
Весна Дамева си поднесе оставка
-
Бајрами: Запален е мојот автомобил
-
Верските лидери повикуваат на смиреност
-
Со намалени цени во зима до повеќе туристи
-
Преглед на вестите од светот
-
Забрана за движење на повеќе патни правци