Сириските исламисти се повлекуваат од палестинскиот бегалски камп Јармук

Припадници на џихадистичката група Исламска држава (ИД), на Фронтот Ал Нусра и на неколку помали исламистички организции стационирани во палестинскиот бегалски камп Јармук, јужно од Дамаск, најавиле дека се подготвени да го напуштат реонот и на сириската армија да и го предадат своето тешко оружје, соопшти извор од Вооружените сили на Сирија.
Според истиот извор, во Јармук веќе пристигнале 18 автобуси со воени инженери и претставници на ОН, чија задача е да го преземат тешкото оружје од исламистите.
Согласно договорот, оние исламисити кои ќе го предадат своето оружје потоа ќе бидат пренесени на локација источно од Дамаск, соопшти армискиот претставник.
Тој нагласи дека ако се се одвива според планот, Јармук ќе го напуштат околу 3.500 исламистички борци и членови на нивните семејства, на кои ќе им биде овозможено безбедно да пристигнат до Рака, град кој важи за престолнина на т.н. Исламски Калифат, што го прогласи ИД, или до градот Мари во северозападниот дел на Сирија.
Според договорот, на исламистичките борци ќе им биде дозволено со себе да понесат само лесно оружје и муниција.
Кампот Јармук е создаден во 1957 година, како локација за прием на бегалци од палестинските територии под контрола на Израел. До пред конфликтот во Сирија во Јармук живееја околу 18.000 лица.
Припадници на ИД на почетокот на април го освоија Јармук, при што од кампот побегнаа неколку илјади лица.
Ново на Сител
-

Јанчев: По три дена непрекината, макотрпна и пожртвувана работа, пожарот во село Раец е целосно изгаснат
-

Пад на цените на нафтата
-

Николоски: Македонија бележи рекорди во авио-сообраќајот, само во еден месец македонските аеродроми опслужиле над 460.000 патници
-

ЦУК: До 18 часот 14 пожари на отворен простор од кои само еден е активен
-

Косово бара од ЕУ да изврши притисок врз Србија за спроведување на Декларацијата за исчезнати лица
-

Тошковски: Водата во Гостивар сѐ уште не е безбедна за пиење, смее да се користи исклучиво како техничка
-

Двајца македонски државјани прогласени за непожелни во Албанија
-

Ѓорѓиевски: Парична помош за 456 онколошки пациенти во наредните два дена
