Сириски сили влегле во град во близина на границата со Турција
Сириски владини сили влегле во Тал Тамр, град во северниот дел на земјата во близина на границата со Турција, за да „се спротивстават на турската агресија“,објави сириска новинска агенција Сана.
Агенцијата не објави други детали.
Жителите на Тал Тамр, кој се наоѓа на околу 20 километри од границата со Турција, го поздравија доаѓањето на сириските сили, јавија светските агенции.
Во извештаите не се наведува од која област дошла сириската армија во градот.
Курдската администрација во северна Сирија претходно објави дека е постигнат договор со Владата во Дамаск за распоредување на сириски трупи во близина на границата со Турција за да се одговори на офанзивата што ја спроведува Анкара.
– За да ја спречиме и да се спротивставиме на агресијата, постигнат е договор со сириската Влада според кој сириската армија може да се распореди долж сириско-турската граница за да им помогне на Сириските демократски сили (СДФ) – објави курдската администрација на својот профил на Фејсбук.
Во соопштението Курдите наведуваат дека договорот со Дамаск „отвора пат за ослободување на другите сириски градови кои ги окупира турската армија, како Африн“.
Ново на Сител
-
Забрана за движење на повеќе патни правци
-
„Вреди“ – Го обвини Груби дека стои зад инцидентите
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на движење ЗНАМ
-
Ученици од „7 март“ со импровизирани пушки и униформи од УЧК на приредба за денот на албанското знаме, МОН утре најавува инспекции
-
Нема доволно згрижувачки семејства во државата
-
УХМР: Врнежи од дожд и снег ќе има и вечерва и утре наутро во некои делови од државата
-
Снежните врнежи предизвикаа проблеми
-
ПСС - Најчести интревенции на заглавени возила на Галичица