Сириски центар: Доцни евакуацијата на цивили од источно Алепо
Нејасни се причините заради кои е забавена евакуацијата од реони во Алепо што се под контрола на бунтовниците, соопшти Сирискиот центар за човекови права.
Според директорот на тој центар, првата група евакуирани требало да напушти во пет часот по локално време, но досега никој не излегол од тие делови на градот.
Западни медиуми јавуваат дека ниту еден од автобустите за евакуација не влегол во источните делови на градот.
Постојаниот руски претставник во ОН, Виталиј Чуркин изјави дека сите воени дејствија во источно Алепо се прекинати и сириската влада вратила контрола над реоните што беа под команда на бунтовниците.
Претставник на сириските бунтовници вели дека шиитските милиции кои го поддржуваат Дамаск го спречуваат евакуацијата на луѓе од источно Алепо. На главниот пат од Алепо се паркирани 33 автобуси за евакуација на луѓе.
Ново на Сител
-
Невреме со силен ветар, дожд и град попладнево го зафати кумановскиот регион
-
Врховниот судија Георгиев и членот на совет на обвинители Мемети осомничени за поткуп - Георгиев фатен на дело
-
Љупчо Палевски Палчо пред судија на претходна постапка за мерката притвор
-
Тема на денот со Миле Маркоски декан на ФЗНХ
-
Приватните специјализанти уште еднаш потсетија за нивните барања за поголеми плати и осигурување
-
Врховниот судија Георгиев и членот на совет на обвинители Мемети осомничени за поткуп - Георгиев фатен на дело
-
Љупчо Палевски Палчо пред судија на претходна постапка за мерката притвор
-
Изборен молк - Утре ќе се прегласува во 5 и 6 ИЕ за два пратеника