Сириската армија започна нова офанзива против бунтовниците во Алепо
Сириските владини сили синоќа соопштија дека почнале нова офанзива против бунтовниците во источниот дел на градот Алепо.
Во соопштението на армискиот Генералштаб, што го пренесоа сириските државни медиуми, се упатува повик до цивилното население во тој дел на Алепо да ги избегнува реоните каде има „терористи“.
Освен тоа, армијата најави дека ќе бидат воспоставени коридори, преку кои цивилите, но и бунтовници кои ќе сакаат да се предадат, ќе можат да го напуштат делот на Алепо под контрола на бунтовничките сили.
Западните медиуми оценуваат дека ваквото соопштение на владините сили најверојатно ќе значи и зајакнување на воздушните напади на руските и сириските авиони врз позициите на бунтовниците, кои веќе и онака беа интензивирани во претходните 24 часа.
Ново на Сител
-
Груби објави дека се повлекува од јавниот живот
-
Мурињо: Секогаш ќе бидам голем фан на Реал Мадрид, тие го имаат најдобриот тренер на светот
-
Без струја делови од општина Ѓорче Петров
-
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла по котлините
-
Паднаа Фејсбук, Инстаграм,Месингер
-
Средба на министерот Тошковски со Симон Ридли, државен секретар за внатрешни работи на Обединетото Кралство
-
32-годишен скопјанец ги нападнал неговата мајка и баба
-
Тројца малолетници нападнале 60 годишник на автобуска во Гази Баба