Свет
4. February 2018 - 10:02

Сирија ги негира обвиненијата на САД дека користи хемиско оружје

Сириското Министерство за надворешни работи ги отфрли американските обвиненија дека Дамаск користи хемиско оружје во Источна Гута. 

Дамаск, обвиненијата на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, за користење на хемиско оружје, ги оквалификува како „лажни“, посочувајќи дека тие се засновани на тврдењата на американските сојузници во Сирија. 

Сириските власти истакнаа дека извештаите на западните медиуми за тоа дека Дамаск користи хемиско оружје се само „нова верзија на очајните намери на САД и Западот да создадат изговори за напад во Сирија“.