Синот на Трамп објави монтирано видео од неговиот татко како го клоца Зеленски во глава
Доналд Трамп Помладиот, најстариот син на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, објави видео на Инстаграм како реакција на најавата дека неговиот татко ќе биде човек на годината во на американското списание „Тајм“
На почетокот на видеото е прикажана насловната страница на „Тајм“ од 2022 година на која е украинскиот претседател Володимир Зеленски. Потоа во кадар се појавува нога која го клоца Зеленски и на насловната страница се појавува новоизбраниот американски претседател со својот препознатлив танц. На видеото се појавува и натпис: „Најдоброто на сите времиња – Доналд Џеј Трамп“.
Трамп, по првата победа на претседателските избори, во 2016 година беше прогласен за личност на годината на „Тајм“. За личност на годината на „Тајм“ досега се прогласени 13 американски претседатели, меѓу кои и актуелниот претседател Џо Бајден.
Пред еден месец, синот на Трамп го исмејуваше Зеленски и со тоа ги зголеми шпекулациите дека неговиот татко, по влегувањето во Белата куќа, ќе го намали финансирањето на Украина, односно нејзините воени напори против Русија.
Ново на Сител
-
Речиси 83.000 вработени не зеле плата за јануари
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
-
Многу деца во Македонија со вишок на килограми – најдебелиот пациент во земјата има 288 килограми
-
Хаос во српското Собрание - повредени неколку пратеници
-
Паузирана американската воена помош за Украина
-
Средба Мицкоски - Орбан во Будимпешта
-
Османи: Албанците нема да дозволат да се одржат локални избори
-
До локалните избори половина година – партиите веќе на терен