Бизнис
23. November 2016 - 21:05

Синдикатот на Југохром утре ќе протестира во Скопје

Протест на Синдикатот на вработените во Југохром е закажан за утре. Од  12 до 13 часот ќе ја блокираат крстосницата пред Судската палата , а после ќе се упатат кон Инспекторатот на министерството за животна средина, каде ќе достават протесно писмо поради неоправдано исклучување од печките, со што повеќе од 700 работници се пратени на принуден одмор.

Ќе бараат инспекторатот да ја повлече одлуката за исклучување на печките, добивање статус на работниците додека не се рестартира фабриката, а од раководството побараа да се забрза со изградбата на филтер станица, која успори поради одложување на постапката за градежна дозвола.