Македонија
3. April 2024 - 12:28

Синдикатот контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е 2, а не 12%

На две посебни прес конференции пред министерството за култура, утринава и синдикатот за култура и министерката дадоа свое образложение дали треба или не треба да им бидат зголемени платите со растот на минималната плата во март. 

Според министерката, нема промени ниту во општиот колективеб договор ниту во колективниот договор на културата, а платите на вработените во изминативе 4 години им се зголемјени за 52%. 

Синдикатот за култура пак реагираше дека вработените во институциите од културата со мартовските плати нема да добијат зголемување за 12, туку за два отсто.