Македонија
14. September 2019 - 16:43

Симулациска вежба за прва помош во Струмица

Тешка сообраќајна несреќа во центарот на Струмица. Во директен судир на две возила повредени се  седум лица од кои двајца се пешаци. На терен се  голем број екипи кои се трудат да им помогнат на повредените. За среќа сето ова беше само дел од сценариото на големата симулациска вежба организирана по повод светскиот ден на првата помош. Целта на вежбата во која учествуваа над 60 учесници од повеќе институции е да се потсетат граѓаните дека сите треба да знаат прва помош бидејќи незнаењето чини живот.

,, Треба да бидеме сите внимателни учесници во сообраќајот и затоа со одделот за превенција ја организираме акцијата. На населението се уште сакаме да влијаеме дека секој треба да знае да дава прва помош затоа што правилното и навремено давање на прва помош е многу битно за да спасиме човечки живот. Ништо друго не е подрагоцено од човечкиот живот.,, вели Марјијана Тошева секретрар на Црвениот крст Срумица. 

,, Апелирам на сите граѓани, не само млади туку и возрасни, свесни сме дека живееме во едно време , едно лудо време каде сите возиме брзо и независно од тоа дали возиме брзо, се случуваат удари и на нашите најблиски, должни сме, треба да чувствуваме должност спрема самите себе дека треба да знаеме прва помош.,,Танкица Стојанова  волонтер во Црвениот крст.  

Освен едукацијата и подигањето на свеста за потребата од знаење како да се даде прва помош вежбата имаше за цел да ја провери и подготвеноста на сите институции кои треба да реагираат во вакви ситуации

,, Битно е и увежбувањето, односно координацијата помеѓу сите институции кои што се задолжени да интервенираат при елементарни непогоди или несреќи и се гледа нивната увежбаност, нивната координација.,, вели Митко Димичев

 Покрај црвениот крст кој беше организатор на  симулациската вежба со свои екипи учествуваа противпожарната единица, полицијата, дирекцијата за заштита и спасување, центарот за управување со кризи итната мединцинска помош.  Со вежбата на симболичен начин струмичкиот црвен крст го означи и крајот на националната кампања ,, твоето незнаење чини живот,, преку која само во Струмица над 170 лица ги посетија освежителните курсеви по прва помош.