„Симпсонови“ ќе стане најдолгото американско ТВ шоу
Со двете нови најавени сезони, анимираната серија „Симпсонови" ќе стане најдолгото телевизиско шоу во САД, соопштија од филмската компанија „Твенти Сенчури Фокс“.
Популарниот анимиран филм за семејството од Спрингфилд започна да се прикажува на телевизијата „Фокс" во 1989, и оттогаш се снимија 28 сезони, односно нешто повеќе од 600 епизоди. Амбицијата на креаторот Мет Гренинг и телевизиската компанија е овој серијал да продолжи најмалку до 2019 година. На тој начин „Симпсонови" ќе ја надмине вестерн сагата „Гансмоук“, којашто имаше 635 епизоди и се прикажуваше од 1955 до 1975 година.
Веднаш по првата епизода, мрзливиот љубител на пивото Хомер, грижливата Марџ, лошкото Барт, генијалката Лиса и бебето Меги веднаш се вброија меѓу најпопуларните цртани ликови. За 26-те години во етерот, серијалот е награден со 32 „Еми“ награди, а во 2012 една од епизодите, беше номинирана и за „Оскар" во категоријата за кратки филмови.
Во епизодите често се појавуваат и ликови инспириани од познати личности од реалноста, како што беше тоа случај со Џорџ Лукас, рок групата „Д Ху", боксерот Џо Фрејзер, шоумените Лери Кинг и Џеј Лено...
Ново на Сител
-
Историски аспект на Илинденското востание и Илинденската република
-
121 година од Илинденското востание
-
80 години АСНОМ
-
Чествување на Илинден
-
Филипче: Двата Илиндена не обединуваат
-
Пожарите беснеат низ државата, најкритично на Осоговските планини
-
Пожарникарите се борат со огнот над Косел
-
ОЈО и МВР истражуваат има ли злоупотреба на овластувања во случајот со Косовската претседателка