Симпозиум за тинк тенк организации од Кина и ЦИЕ
Во организација на Институтот за геостратешки истражувања и надворешна политика при Министерството за надворешни работи на Република Македонија, Македонската академија на науките и уметностите, Генералниот Секретаријат на „16+1“ и Кинеската академија за општествени науки денеска и утре во Скопје ќе се одржи Симпозиум на високо ниво на тинк тенкови од Кина и земјите од Централна и Источна Европа.
Петтиот по ред „Симпозиум на високо ниво на тинк тенкови од Кина и земјите од Централна и Источна Европа“ е еден од механизмите за соработка на „Процесот 16+1“ на кој научници, истражувачи, експерти и други преставници на тинк тенк заедницата имаат можност преку своите научни трудови и анализи да дадат придонес во понатамошното креирање на идните развојни активности на Процесот за соработка 16+1.
На отворањето е најавено обраќање на премиерот Зоран Заев, амбасадорката Хуо Јужен, специјален претставник за соработка помеѓу Кина и земјите од ЦИЕ, Ванг Ѓинќинг потпретседател на Кинеската академија за општествени науки, прeтседателот на Македонската академија на науките и уметностите академик Таки Фити и амбасадорот Виктор Димовски, државен секретар во Министерството за надворешни работи.
Ново на Сител
-
ЕУ ќе стационира пожарникари од 12 земји на жариштата на шумските пожари
-
Очевидци: Израелските трупи навлегле подлабоко во Рафа
-
Париз очекува да заработи над 11 милијарди евра од ОИ
-
Истражување: Половина од раселените Украинци изразиле подготвеност да се вратат во земјата
-
ЈОРСМ: Извршен увид и обезбедени траги за вештачење од местото на убиството во Стајковци
-
НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата
-
17-годишно момче исчезна од установа за згрижување деца во Карпош
-
OpenAI ja претстави најновата верзија на својот чатбот – ChatGPT-4o