Македонија
12. December 2015 - 9:18

Симпозиум за современи стоматолошки методи и техники

Стоматолошката комора на Македонија денеска организира едукативен симпозиум на тема „Современи стоматолошки методи и техники“.

Собранието средства од едукативниот симпозиум, кој се одржува во рамки на одбележувањето 20 години постоење на Комората, ќе бидат донирани во хуманитарни цели.