Loading Video...
Спорт плус
10. July 2020 - 19:19

Симовски и Јовановски во трката за прв човек на македонската одбојка

Утре во Штип ќе се одржи редовно годишно собрание на  одбојкарската федерација на кое најважна точка на дневниот ред е избор на нов претседател на федерацијата.  Во трката ќе бидат досегашниот прв човек на македонската одбојка Петар Јовановски и поранешниот репрезентативец Јовица Симовски кој денеска ја соопшти својата кандидатура. 

Симовски во своето соопштение до јавноста  најави дека се кандидира со една цел а тоа е да се отворат вратите за сите што дале и можат да го помогнат развојот на одбојката. 

„ Во текот на моето работење во работата на федерацијата ќе бидат вклучени сите што неуморно даваат придонес за развој на одбојката во нашата земја!! Планирано е да се направат најразлични стручни комисии кои ќе имаат целосен пристап до сите информации и контрола на работењето на федерацијата“-  Вели Симовски кој најавува функции на поранешните одбојкари и нивна вклученост во разни стручни комисии и работа со младите тренери.  Симовски најави презентирање на комплетната програма на утрешното собрание кое ќе се одржи во Штип. 

Досега прв човек  на федерацијата беше  Петар Јовановски кој според информациите од ОФМ исто така се кандидира за претседателската функција и во неговиот мандат  Македонската репрезентација за првпат учествуваше на големо натпреварување ЕП во Словенија. 

На собранието во Штип се очекува да биде избран и нов Извршен одбор , потоа надзорен одбор и да биде поднесен финансиски извештај за 2019-тата година.