Македонија
2. јуни 2018 - 14:44

Силно невреме беснее во делови од Македонија - доаѓа и кон Скопје

Во текот на денешните доцни претпладневни часови како и рано попладнево западната половина од државава е зафатена од исклучително нестабилна и влажна воздушна маса која на многу места условува пороен дожд, силни и чести електрични празнења и локална појава на град, стои во временската на Славчо Поповски.

Понадаму до крајот на денов локална нестабилност со пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и локална појава на град ќе има и во останатите предели од државава.