Сиљановска-Давкова: Војната во Украина не е украински, туку европски и светски проблем
Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, пред почетокот на денешната пленарна сесија на Самитот за мир во Украина, што се одржува во Бургеншток на езерото Луцерн во Швајцарија, на која треба да има свое обраќање, изјавила дека една од најважните пораки е дека кон војната во Украина треба да се однесуваме не како кон украински проблем, туку како европски и светски проблем.
- Неподелени беа мислењата дека дијалогот е здрава работа, дека мировната конференција навистина и покрај многуте учесници дојде до единствени сознанија. Најчесто се повикувавме сите на Повелбата на Обединетите нации, најчесто се повикувавме сите на мировните решенија, изјавила претседателката Сиљановска-Давкова, соопштија од нејзиниот Кабинет.
Таа додала дека денеска учествувала и на панелот за безбедноста, односно опасноста по безбедноста за храната, од што и ние сме засегнати.
- Уште еден доказ дека она што се случува, односно војната, нè засега сите и дека сите треба да помогнеме за да се најде соломонско решение, тоа значи, праведно решение за Украина, решение што ќе гарантира постојан мир, јас велам Кантов вечен мир. Еднаш мислам дека е крајно време, наместо да велиме никогаш повеќе и повторно да се соочуваме со војна, да се потсетиме на ноторниот факт дека Европската заедница настана како мировен проект и дека Европската Унија, но и сите држави во светот, имаат обврска да го чуваат мирот, нагласила Сиљановска Давкова.
Заблагодарувајќи се на Швајцарската Конфедерација за организирањето на Самитот, таа информирала дека остварила куси средби со претседателката на Швајцарската Конфедерација, Виола Амхерд, потпретседателката на Соединетите Американски Држави, Камала Харис, со германскиот канцелар Олаф Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.
На маргините на конференцијата, претседателката Сиљановска-Давкова остварила средби со повеќе други светски лидери.
Ново на Сител
-
Советите се правдаат, невладините велат лоша порака се назначувањата
-
Конститутивна седница на советот за безбедност
-
Тема на денот со Костадин Костадинов, градоначалник на Струмица
-
ВМРО ДПМНЕ: СДСМ прави упад во академијата за судии и јавни обвинители
-
Конститутивна седница на советот за безбедност
-
МВР ќе проверува 500 функционери за валидност на документи кога стапиле на функција
-
Пензионирани инспектори на МВР работеле за кланот „Грчец"
-
Филипче тврди дека СДСМ е подготвена за предвремени избори