Сиљановска Давкова во Њујорк оствари средба со Ахим Штајнер, администратор на УНДП

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во Њујорк, во рамки на посетата на САД по повод учеството на 79. Генерално собрание на Обединетите нации, оствари средба со Ахим Штајнер, администратор на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
На средбата, како што соопшти Кабинетот на претседателката, се разговарало за досегашната соработка и активностите на УНДП што се реализираат во земјава преку партнерства со македонските институции, општини и граѓанското општество.
Претседателката Сиљановска Давкова се заблагодарила за континуираната поддршка на УНДП, при што нагласила дека поддршката е значајна за македонскиот евроинтегративен пат, како и за креирање инклузивно општество во различни области.
Соговорниците изразиле задоволство од досегашниот тек на заемните активности што се во согласност со македонските национални приоритети, а се базираат на основа на принципите за одржлив развој и се усогласени со процесот на пристапување во Европската Унија.
Ново на Сител
-

УХМР: Најстудено утрово во Берово
-

ФЗО ќе соопшти за спроведените контроли на работењето и финансиското управување во јавните здравствени установи
-

Конференција на Советот на министри за култура од ЈИЕ, најавена декларација за одржливи културни модели
-

Мицкоски на поставување камен-темелник на училишна спортска сала во Ново Село
-

Силен земјотрес го погоди североисточниот дел на Јапонија, издадено предупредување за цунами
-

На скопскиот аеродром ќе биде испратен три милионитиот патник годинава
-

Ѓорѓиевски: На 15 декември заедно да го осветлиме Скопје
-

Путин објави заземање на украинскиот град Северск
