Путин објави заземање на украинскиот град Северск

Рускиот претседател Владимир Путин и началникот на Генералштабот Валериј Герасимов вчера објавија заземање на источноукраинскиот град Северск, отворајќи го патот за понатамошни офанзиви, објави ДПА.
-Ова значи дека сега се можни и други успешни напади во други насоки во источен Донбас, рече Путин за време на состанокот, емитуван на државната телевизија и делумно преку видео врска.
Украинската страна првично официјално не коментираше за наводното предавање на градот.
Руската војска соопшти дека нејзина следна цел е да го заземе градот Славјанск, кој бил дом на повеќе од 100.000 луѓе пред почетокот на војната во 2022 година.
Стратешката иницијатива е целосно во рацете на руската армија, рече тој, додавајќи дека заземањето на регионите Донецк, Луганск, Херсон и Запорожје напредува.
Путин не ги спомена тековните разговори за завршување на војната или мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп, забележа ДПА.
Тој претходно ги опиша предлозите на Трамп како основа за преговори, но јасно стави до знаење дека Русија може да ги постигне своите цели на бојното поле ако Киев ги отфрли условите на Москва за договор.
На пример, Путин бара Украина да го предаде целиот источен дел од Донбас во замена за прекин на огнот - со други зборови, Киев да се повлече од териториите што сè уште ги контролира. Украина отсекогаш категорично го отфрлала ова барање.
На вчерашниот состанок, Путин ја потврди целта за „протерување на украинските формации од нашата територија и враќање на мирниот живот на земјата Донбас“.
Ново на Сител
-

Медведев седми пат во кариерата елиминиран на стартот на Ролан Гарос
-

Иран објави три црвени линии во преговорите со САД
-

ЈПДП: Лентите за MTAG од 15 јуни ќе бидат исклучиво за корисници со електронски тагови
-

Автомобил се преврте на штипската улица „Панче Караѓозов“, по што заврши во двор на една од куќите
-

Мицкоски-Пленковиќ: Македонскиот пат кон ЕУ е исполнет со непринципиелни и неправедни блокади
-

Мотор влечел 12-годишно дете по улица во Драчево
-

Речиси 80 отсто од потрошувачката на струја во март е обезбедена од домашно производство
-

Три случаи на семејно насилство за едно деноноќие: приведени мажи во Битола, Куманово и Кичево
