Силите на етиопската држава Тиграј го бомбардирале аеродромот во главниот град на Еритреја

Лидерот на етиопската држава Тигрaj изјави денеска дека неговите сили синоќа го бомбардирале аеродромот во главниот град на Еритреја, Асмара.
Дебрецион Гебремикаел изјави дека неговата војска се бори со вооружените сили на Еритреја на повеќе фронтови. Етиопскиот премиер Абиј Ахмед почна воена офанзива во проблематичната држава Тиграј на 4 ноември.
Тој ја обвини партијата на Дебрецион, Фронтот за ослободување на Тиграј, за предавство и тероризам. Абиј, кој ја доби Нобеловата награда за мир во 2018 година за мировниот договор со Еритреја, вели дека воената кампања има за цел да го воспостави редот.
Еритрејската влада негира вмешаност во конфликтот.
Еритреја и Етиопија потпишаа мировен договор пред две години, но владата на претседателот Исаија Афеверки е непријателски настроена кон раководството на Тигре и неговата улога во разорната војна од 1998 до 2000 година.
Ново на Сител
-

Со големи попусти до 70% СЕТЕК го прославува својот 32 роденден
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-

Самит на ЕУ за Западен Балкан
-

Преглед на вестите од светот
-

Нова бомба со тврдења за фаворизирање
-

Љупчо Пецов Ѓаволот се предаде на полицијата, од бегство оди во куќен притвор
-

Советот на јавни обвинители утре ќе избира привремен наследник на Коцевски
-

ДСЗИ побара стручна комисија да испита дали починатото новороденче на ГАК било соодветно лекувано
