Балкан
30. November 2023 - 15:53

Силен земјотрес во Грција

Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала го погоди  грчкиот остров Закинтос, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки институт.

Епицентарот на земјотресот бил во морското подрачје, на 20 километри западно од Волими, на длабочина од пет километри, пренесува Прототема.

Нема извештаи за евентуална штета.