-->
-->
Силен земјотрес ја потресе индонезиската провинција Папуа
-->
Земјотрес со интензитет од седум степени според Рихтерова скала ја потресе индонезиската провинција Папуа, соопшти американскиот Геофизички институт.
Епицентарот се наоѓал на длабочина од 52 километри под површината на земјата, на околу 250 километри западно од градот Џапура.
Едно момче се води како исчезнато откако паднало во река како последица од потресот, а локалните власти соопштија дека се разурнати или уништени четири куќи, црква и две згради во градот Мемберамо, во близина на епицентарот.
- Проблемите со комуникацијата во планинските реони и оддалечените населени места не им дозволуваат на властите да ја проценат ситуацијата, изјавил портпарол на службата за борба со природни катастрофи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Германската амбасада со честитки до Силјановска Давјкова за преземањето на нејзината улога како прва жена претседател
-
„Политико“: Силјановска-Давкова предизвика расправии со Грција уште при полагањето заклетва
-
ДИК ќе одлучува по однос на пристигнатите приговори од парламентарните избори
-
За брзо возење казнети 553 возачи
-
Руската армија тврди дека неутрализирала 31 украински дрон
-
Одложено судењето за „Шпански скали“
-
За прв пат од 2004 година, ниту Ѓоковиќ ниту Надал нема да бидат во четвртфиналето во Рим
-
Главчев и Радев по инаугурацијата на Сиљановска-Давкова: Договорите мора строго да се спроведуваат