Свет
4. December 2015 - 13:01

Си-Ен-Ен: Британија следна цел на ИД?

Европските безбедносни служби собираат информации, кои укажуваат на тоа дали екстремистите од Исламска држава по Париз, планираат следните напади да ги извршат во Велика Британија, јави Си-Ен-Ен. 

Според информациите на разузнавачките агенции, лидерите на ИД им наредиле на британските борци да се вратат во својата земја и да извршат терористички напади.

Британските борбени авиони ги извршија вчера изутрината првите напади врз позиции на ИД во Сирија, само неколку часа, откако Парламентот ја усвои одлуката за почеток на операцијата.