Тенис
6. January 2017 - 15:02

Швајцарија се избори за финалето во Хофман купот

Тениските селекции на САДи Швајцарија ќе играат во финалето на Хофман купот кој се одржува во Перт, Австралија. 
 
Откако Американците уште пред три дена го осигураа првото место во А групата, попладнево тоа го сторија и Швајцарците кои со 2-1 во победи ја совладаа Франција. 
 
Роџер Федерер го доби мечот против Гаске со 2-0, а Кристина Младеновиќ со 2-1 беше подобра од Белинда Бенчиќ.
 
Сепак, во решавачкиот меч во двојки швајцарската комбинација беше подобра и со 2-0 го доби мечот, за со конечни 2-12 во победи да го обезбеди првото место во групата, а со тоа и место во финалето против Американците.