Loading Video...
Македонија
2. November 2020 - 21:14

Што ќе донесе средбата во Берлин? Можни ли се поместувања на позициите?

Очигледно е дека Германија прави напори да се постигне договор меѓу Македонија и Бугарија, вели директорката на институтот за европска политика Симонида Кацарска. Ваквите очекувања следат по најавата дека со посредство на официјален Берлин, шефот на македонска дипломатија Османи и вицепремиерот Димитров седнуваат на маса со нивната бугарска колешка Захариева.

Кацарска вели дека не се исклучува можноста меѓувладината коференцијата да се оддржи и без Албанија, по холандското не за нашиот западен сосед. Според неа, ваквиот став на Холандија, не е пресуден аргумент кој и оди во корист на Бугарија, бидејќи официјална Софија веќе отишла чекор понапред од нејзините условувања и е јасно дека може да го блокира процесот за Македонија.

Инаку германскиот весник Франкфуртер алгемајне цајтунг пишува дека бугарските барања кон Македонија не му припаѓаат на 21 век.