Македонија
3. April 2024 - 21:15

Што да направат граѓаните доколку забележат дискриминација за избирачкиот процес?

Поткуп, притисоци, злоупотреби, насилства, заплашување се само дел од можните ризици за престојните избори. Голем дел од граѓаните не знаат каде треба да пријават нерегуларности за претстојните избори.

Надлежните институции будно ја следат состојбата и ги активираат сите механизми за спроведување на фер и демократски избори.

Јавното обвинителство формираше Комисија, која веќе активно работи,  за следење на сите евентуални нерегуларности поврзани со дела како спречување на избори и гласање, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање. Доколку граѓаните се соочат со некоја од наведените ризици при изборниот процес, може да испратат пријава до Комисијата по редовен пат или на специјализираната електронска пошта за таа намена: izbori@jorm.mk.

На денот на изборите во обвинителствата низ целата држава се организираат вонредни дежурства и Комисијата е во постојана комуникација со останатите органи кои се грижат за регуларноста на изборниот процес. Во однос на динамиката, сите предмети оформени во врска со евентуални изборни нарушувања и незаконитости добиваат приоритет на постапување, а Комисијата го следи нивниот исход.

И полициските службеници ќе бидат распоредени oколу избирачките места. Тие ќе ја набљудуваат состојбата и ќе интервнираат доколку има потреба, под налог на ДИК.  

Во случај на нарушување на избирачкото право, за граѓаните се отворени и вратите на Народниот правобранител.