Штипските советници од СДСМ не ги потпишуваат свечените изјави додека не се корегираат
Штипските советници од СДСМ стојат на ставот дека свечената изјава, која вчера ја добиле од општинските служби не ја потпишуваат, оти не е валидна, а на која наместо уставното име Република Северна Македонија, стоеше Република Македонија. Координаторката на советничката група на СДСМ во Советот на Општина Штип, Маријана Рогожарска-Поповска, за МИА вели дека тие го почитуваат Уставот, а вчера тоа што се случи на седницата треба и некој да ги преземе одговорност.
– Ние ќе испратиме и барање за толкување до Општинската изборна комисија, Државната изборна комисија и до Собранието на Република Северна Македонија. Мнозинството предв
Деветмината штипски советници од СДСМ ќе чекаат да се корегира свечената изјава, па ќе ја дадат заклетвата на седница на Советот на општина Штип. МИА и вчера објави дека некорегираната изјава во Законот за локална самоуправа, која општинските служби само ја испечатиле, донесе тензии и расправии во Советот на Штип. На изјавата се уште стои Република Македонија, а не новото уставно име Република Северна Македонија.
Ново на Сител
-
Забраната за пиротехника во затворени простори утре пред пратениците
-
ДУИ: Зошто владата ја крие вистината за врските на агенцијата за обезбедување „Рубикон“
-
Кај шест пациенти во „Св. Наум Охридски“ е извршена трансплантација на кожа
-
СДСМ обвинува за нови сканадали во Министерството за дигитална трансформација
-
Македонија е атрактивна дестинација за нуркачите од светот
-
За прв пат од постоењето ќе се гради асфалтен пат до ски терените во Крушево
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Васко Наумовски