Штипскиот Центар за култура се подготвува за фестивалот „Малиот принц“
Со „Операта на шумските животни” во изведба на Македонската опера и балет (МОБ) ќе стартува детскиот театарски фестивал „Малиот принц“, кој е во организација на Центарот за култура „Ацо Шопов“ - Штип.
Директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип, Никола Ристов денеска најави дека првата претстава е закажана за в недела, а фестивалот ќе заврши во четврток со претставата „Јованче и Марика“ на детскиот приватен театар „Бабец“ од Битола. На репертоар ќе има шест театарски претстави
- Оваа година темата на „Малиот принц“ ја крстивме „Создади сопствена приказна“, ќе имаме гости од Македонска опера и балет, Македонски народен театар, потоа театар „Крик“, театар „Бабец, кој што имаат интересни претстави за самите гледачи. Значи претставите ќе бидат за деца од помала и поголема возраст, вели Ристов.
Организаторите најавуваат и интересни случувања во централното градско подрачје со кои ќе се анимира најмладата публика. Засега не откриваат, посочуваат дека станува збор за изненадување со кое ќе се доловат безброј насмевки на детските лица.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Со повисоки субвенции до повеќе патници во авиосообраќајот
-
Тема на денот со проф. д-р Кети Ставриќ, имунолог
-
Пукале петарди и палеле жижици: Тројца малолетници го предизвикале големиот пожар кај Расадник
-
Критично кај Мариово
-
Премиерот објавува намалени цени во дел од книжарниците, граѓаните се жалат дека нема намалување
-
Реформа во образованието: Децата ќе остануваат подолго во училиште, ќе имаат многу спорт, интерактивна настава...
-
Потврден случај на морбили кај 12 годишно дете од Петровец – заразата е увезена од Србија