Македонија
10. September 2015 - 16:41

Штипската ЗОО градина доби нови животни

Во штипска Зоолошка градина попладнево пристигнаа три елени и пони, со што се збоготува бројот на животни. Градоначалникот на Општина Штип, Илчо Захариев најави дека наскоро ќе пристигнат и бамби срни како и џуџести кози.

-До крајот на годината очекуваме да ги донесеме и мајмуните во ЗОО градината. Да кажам дека и влезот ќе биде уреден и ќе одржуваме максимална хигиена . Животните навистина имаат идеални услови, се припотомија, вели Захариев.

Според него ЗОО градината е најпосетуваното место за штипјани, но го посетуваат и останатите граѓани од источниот регион. Захариев најави дека Општина Штип ќе аплицира и со проект до Фондовите на ЕУ за проширување на ЗОО градината.

Директорот на ЈП „Исар“, Ангел Бојаџиев вели дека досега ЗОО градината ја посетиле 15.000 граѓани, а во неа живеат над 40 видови на животни.