Штипската опозиција не присуствуваше на четвртата седница на Советот
Мнозинството советници од ВМРО ДПМНЕ во Советот на Општина Штип и денеска сами ја држеа четвртата седница. Нивните колеги од советничката група на СДСМ ја напуштија седницата. Координаторката на советничката група на СДСМ и коалициските партнери, Маријана Рогожарска-Поповска вели дека не присуствуваат на седницата, бидејќи сè уште ги немаат добиено заклучоците од вонредниот инспекциски надзор извршен во петокот, а кој треба да утврди дали констатираните недостатоци во врска со конститутивната седница и свечените изјави се отстранети или не.
Координаторот на советничката група од ВМРО ДПМНЕ, Душко Иванов вели напуштањето на седницата од страна на опозицијата е неоправдано. Претседателката на Советот на Општина Весна Карагунова-Кожинкова информираше дека се уште не се пристигнати заклучоците од инспекцискиот надзор во општината. Проблемите и кавгите меѓу позицијата и опозицијата во штипскиот Совет настанаа откако мнозинството од ВМРО ДПМНЕ на правата седница свечените изјави ги потпишаа без придавката „северна“ на уставното име на државата, следуваше инспекциски надзор, по заклучоците мнозинството ги потпиша свечените изјави со уставното име, но сега пак опозицијата ги чека заклучоците и од вториот контролен надзор.
Ново на Сител
-
Анчелоти може да добие отказ ако Реал Мадрид не се пласира во осминафиналето од ЛШ
-
Поради магла намалена видливост до 100 метри во Кочани, Страцин, Битола и Плетвар
-
Нетанјаху: Израел нема да го спроведе примирјето во Газа додека не добие список од 33 заложници
-
Извршени претреси во Скопје, уапсени дилери на дрога и оружје
-
И кажале дека нејзината ќерка прегазила дете - измамена 76-годишна скопјанка за 130 илјади денари
-
Полициски службеник земал 50 евра поткуп, пронајдени пари и документација
-
Уапсен Раде Трајковски-Штекли
-
Синер без проблеми до четвртото коло на Австралија Опен