Извршени претреси во Скопје, уапсени дилери на дрога и оружје
На 18.01.2025 од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје- Единица за недозволена трговија со дрога, во содејство со Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје, Одделение за потраги и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, постапувајќи по наредби на јавен обвинител од ОЈО Скопје, презедоа координирани мерки и активности со цел сузбивање на продажба на наркотични дроги и лишување од слобода на лица за кои постојат докази за инволвираност во продажба на наркотична дрога.
На подрачјето на Скопје, врз основа на претходно издадени наредби од Основен кривичен суд Скопје, извршени се претреси на домови на неколку локации.
Извршен е претрес во дом на Н.З.(47) во Скопје, при што се пронајдени една пушка “црвена застава”, една ловна пушка, една воздушна пушка, еден тромболски додаток, пет цевки од огнено оружје, една цевка со механизам за окинување, осум патрони за ловна пушка, куршум, делови од огнено оружје и пет мобилни телефони. Н.З. е лишен од слобода и во текот на денот ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка по чл. 396 од КЗ.
Извршен е претрес и кај А.А.(31)во Скопје и при претресот пронајдена е марихуана и мобилен телефон. А.А. е лишен од слобода, а претходно, во текот на истрагата се обезбедени материјални докази за вршење на кривичното дело по член 215 од КЗ.
Исто така, извршен е претрес кај Р.Ш.(33), за кого претходно биле распишани шест централни потерници и локален распис поради бегство од затвор и за истраги за повеќе кривични дела. При постапувањето на полициските службеници, Р.Ш. се дал во бегство, но по кратко време е пронајден и лишен од слобода од страна на Единицата за интерветна полиција. При претресот во неговиот дом и дворот на куќата пронајдена е марихуана и дигитална вага. По завршување на претресот лицето веднаш е предадено во Затвор Скопје, а по документирање на случајот ќе биде поднесена и кривична пријава по чл.215 од КЗ.
Исто така, во соодејство со затворска полиција од КПУ Идризово извршен е претрес во КПУ Идризово, во соба каде што издржува казна затвор Н.Ш.(45) од Скопје и при тоа во ќелијата пронајден е мобилен телефон кој го користел Н.Ш., а во другите простории кои ги користеле осудени лица биле пронајдени мобилни телефони.
Против Н.Ш. и А.А. ќе биде поднесена кривична пријава по чл.215 од КЗ, по претходно обезбедени материјални докази за инволвираност во недозволена трговија со дрога.
Ново на Сител
-
Притворот му бил укинат, па бил пратен во поправен дом - ОЈО се огласи за претходните дела на возачот
-
ОЈО бара притвор - Возачот кој ја усмртил Фросина немал дозвола, бил под дејство на алкохол и поминал на црвено
-
Средба на Сиљановска-Давкова со актуелни и поранешни членови на Комисијата за помилување: Неопходна е деполитизирана и департизирана постапка за помилување
-
Трамп: Воениот хеликоптер бил во „исклучително лоша“ позиција
-
Два автобуса со ослободени палестински затвореници стигнаа во Рамала
-
Србија: Пензионерите најавија протестна прошетка во поддршка на студентите на 5 февруари
-
Мицкоски: Прифаќаме минимална плата која ќе ja договорат работодавачите и работниците
-
Над 4.400 Романци во САД се соочуваат со депортација, за над 1.300 веќе се издадени решенија