Македонија
4. September 2019 - 16:25

Адвокатот Павлевски го откажа полномошното за Јанева

Адвокатот Стеван Павлески и го откажа полномошното на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, која ја застапуваше во случајот „Рекет“.

Поради конфликт на интереси, тој мораше да се одлучи дали ќе ја застапува специјалната јавна обвинителка или обвинетите од СЈО.

Павлески е адвокат и на бизнисменот Цветан Панделевски во предметот на СЈО наречен „Империја“, но кога почна да ја застапува Јанева, вети дека ќе го откаже полномоштвото на Панделевски.