Штипската библиотека ја возобновува француската читална
По повеќе од 15 години во Националната установа универзитетска библиотека „Гоце Делчев“-Штип повторно ќе се учи француски јазик.
Директорката на НУУБ „Гоце Делчев“-Штип, Милена Ристова-Михајловска изјави дека во рамките на Библиотеката ќе се возобнови француската читална.
- Оваа година одобрен ни е проект од областа на Европските интеграции, така што францускиот јазик ќе се изучува и во рамките на библиотеката и во рамките на нашите проектни активности, рече Ристова-Михајловска.
Таа додава дека годинава работата на штипската Библиотека ќе се промовира и на Светската конференција на библиотекари.
- Штипската библиотека со свој претставник ќе учествува на Светската конференција на библиотекарски асоцијации, тоа е ИФЛА во Полска. На оваа конференција ќе учсетвуваа и библиотеките од Скопје, Битола и Штип, реќе Ристова-Михајловска.
Забележува дека меѓу значајните проекти кои треба да ги реализира НУУБ „Гоце Делчев“-Штип е и ревалоризацијата, афирмацијата и каталогизацијата на трите значајни збирки „Ретки книги“, „Старопечатени книги“ и „Отомански ракописи“, а со кои на библиотеката ќе ги отворат вратите и кон Турција. Овие збирки, ќе бидат презентирани и на меѓународна изложба во Истанбул.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Првиот пациент се врати во Македонија
-
Наместо да ги чува 24/7, тоа го правел само една смена - 5 осомничени за злоупотреба на јавен тендер во ЈПДП
-
Првиот пациент се врати во Македонија
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
-
Заложничка драма во Прилеп
-
Минималната плата ќе се зголеми согласно законот и ќе изнесува 24.400 денари
-
130 психолози работат со ученици и возрасни за надминување на колективната траума