Штипјанка запознала лице на Фејсбук, се претставил дека е војник од САД повреден во Авганистан- еве ги деталите
Во СВР Штип вчера во 15:30 часот 54-годишна жена од Штип пријавила дека била измамена од лице кое го запознала на социјалната мреж Фејсбук на крајот на октомври 2018.
Лицето се претставило дека е од САД и дека е војник во Авганистан.
Според пријавеното, во декември 2018 година и кажал дека, бидејќи бил повреден, од авганистанските власти му биле исплатени 850.000 долари, кои тој не можел да ги внесе во САД и дека парите ќе и ги испрати на неа, а таа требала само да ги подмири трошоците на агенцијата-Routenet Express за да можат парите да пристигнат во Македонија.
Жената се согласила и во периодот од 26.12.2018 до 29.01.2019, во неколку наврати уплатила вкупно 7.300 евра и 1.590 долари на агенцијата.
Парите требало да пристигнат до 20.02.2019, но до денот на пријавувањето не ги добила, по што заклучила дека била измамена. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Манолева: Договорени се алтернативнин решенија за хируршките сали
-
ЦУК: Нестабилност со пороен дожд и грмежи подолго време се задржува околу Кавадарци, Неготинио и Демир Капија
-
Димитровска: По верификација на мандатот именуваните и избраните лица треба да се откажат од сите претходни функции
-
Кое е вашето емотивно наследство? | Марина Анчевска | Личен развој | Sitel Podcast 040
-
Македонските кикбоксери од Балканско со 9 златни, 12 сребрени и 11 бронзени медали
-
Најтопло во Велес, Гевгелија, Кавадарци - 34 степени, до крајот на денот локална појава на пороен дожд и грмежи
-
Пред Ајфеловата кула оставени ковчези оставени со натпис – француски војници од Украина, приведени три лица
-
Повеќе загинати и повредени во пожар во руска нафтена рафинерија