Штипјани електронски ќе можат да набават дрва за огрев од „Македонски шуми“
Граѓаните од општините Штип и Карбинци по електронски пат можат да аплицираат за набавка на огревно дрво од ЈП „Македонски шуми“ подружница „Серта“-Штип. Раководителот на „Серта“ –Штип, Дарко Шумански вели дека објавен е јавен оглас за склучување купопродажен договор со граѓаните и фирмите за набавка на огревно дрво за тековната година.
- Сите информации, кои се поврзани со новиот начин на продажба на дрво и дрвни асортименти можат да се најдат на веб страницата на ЈП „Македонски шуми“ и со тоа сите наши клиенти можат да ги најдат комплетните информации и апликации за набавка на дрва. Новитет ни е електронската апликација, која се пополнува и со тоа стапува на сила одлука за склучување договор со физичкото или правното лице, кое сака да набави огревно дрво преку нас, вели Шумански.
Вработените во подружницата ќе им помагаат на граѓаните да ги пополнуваат електронските апликации за набавка на огревно дрво, а оние граѓани и фирми, кои што имаат долгови од минатата година нема да можат да набават дрва за огрев преку ЈП „Македонски шуми“, без разлика во која подружница во земјава ќе аплицираат.
Ново на Сител
-
Сопартијците на Таравари одлучуваат за иднината во Вреди
-
Сопартијците на Таравари одлучуваат за иднината во коалицијата Вреди
-
Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-
Не успеа обидот на ДУИ за надзорна расправа за Кочани
-
Тошковски за ДУИ, СДСМ и Левица – политички паразити на кои им пречи расчистување со криминалот
-
Шест закони под лупа на антикорупциска
-
Таравари: Ќе има одговорност ако се утврдат пропусти кај третманот на 57 годишниот пациент кој почина на Кардиохирургија
-
Финансиска полиција и ОЈО ја тресат ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Прилеп