Штип ќе гради трета платформа над коритото на река Отиња
![]()
Општина Штип ќе гради платформа за паркинг места над реката Отиња, меѓу Здравствениот дом и Народен театар-Штип. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски за МИА вели дека очекува половина од средствата односно девет милиони денари да ги добијат преку Програмата за рамномерен регионален развој од Бирото за регионален развој и Министерството за локална самоуправа.
– Станува збор за проект кој ќе чини околу 18 милиони денари, половина од средствата ги очекуваме од оваа прогарама, а останата половина ги обезбедуваме од буџетот на Општина Штип. Платформата ќе има 40 паркинг места, со што ќе се растерети сообраќајот кон регионалната Клиничка болница, но и кон останатите институции, кои имаат регионален карактер, вели Бочварски.
Ова е трета платформа над коритото на реката Отиња, која ќе го решава проблемот со паркирање во централното градско подрачје. Досега вакви платформи се изградени кај училиштето „Ванчо Прќе“ и кај Стопанска банка.
Ново на Сител
-

ДИК со првични официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа
-

Политички реакции по првиот круг во Брвеница
-

МНР: Навредливи и провокативни се изјавите на Демерџиев и Радуков за Ива Михаилова
-

Правосуден испит на албански или нови протести
-

Отказ за административците ако 2 години се негативно оценети
-

Нови цени на горивата
-

АХВ продолжува со вонредните инспекциски контроли на зелените пазари - запленети уште 5 тони небезбедна храна
-

Преглед на вестите од светот
