Ш.С. Кожув: Гевгелиско годинава ќе нема проблем за снабдување со огревно дрво

Подружницата на шумското стопанство Кожуф од Гевгелија оваа грејна сезона не само што ќе го реализира целосно туку и ќе го натфрли за десет отсто годишниот план за снабдување на населението со огревно дрво, потврди денеска за директорот на Поружницата Јован Јованов.
-Од планираните 22.250 кубни метри до сега пласиравме 21.500 кубици огревно дрво што значи дека до крајот на месецот годишниот план ќе биде целосно остварен.Спрема клиентите кои дрвата ги плаќаа на рати испорачан е најголемиот дел, а имаме за достава само уште 150 кубици кои ќе им бидат однесени на домашна адреса најдоцна за една недела, рече Јованов.
Посочи дека годинава ќе нема проблем за снабдување со огревно дрво затоа што покрај секојдневниот дотур, на плацот во Миравци е склдирана резерва од 1.100 кубни метри.
Нагласи дека на плацевите во Гевгелија, Миравци и Богданци сезонава се продадени 12.500 кубни метри огревно дрво од кои околу 80 отсто на плацот во Гевгелија каде што дневно се продаваат од 60 до 70 кубици.
Ново на Сител
-

Седум пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие, три лица лишени од слобода
-

Вчера лишени од слобода 13 возачи поради безобѕирно управување со моторно возило
-

Алиу од Кочани: Продолжува реевалуацијата на здравствената состојба на повредните во пожарот во кочански „Пулс“
-

Уапсен кумановец – при претрес пронајдени повеќе видови дрога
-

Иран утрово повторно нападна неколку земји од Персискиот Залив, се огласија сирените за узбуна во Израел
-

Трамп: Последната личност од која ни треба помош против Иран е Зеленски
-

Медведев го победи Алкараз и ќе се соочи со Синер во финалето на Индијан Велс
-

Иранската војска се закани дека ќе го убие Нетанјаху
