Шри Ланка воведе вонредна состојба поради будистичко-муслиманските немири
Шри Ланка денеска прогласи вонредна состојба поради антимуслиманските протести, во кои досега загинаа најмалку две лица и предизвикана е материјална штета на повеќе џамии и објекти, изјави министерот за градско планирање Рауф Хаким.
- Владиниот кабинет се одлучи да воведе строги мерки, вклучувајќи и 10-дневна вонредна состојба, откако полицијата воведе полициски час во централниот дел на централната област Канди, посочи Хаким. Вчера таму се судрија вде поголеми групи, составени од будисти и муслимани.
Владата распореди силно вооружени полициски командоси во планинскиот регион на Канди, популарен кај туристите, откако демонстрантите се спротивставија на вечерниотполициски час и продолжија со насилства.
Во текот на изминатата година, се зголеми тензијата меѓу двете заедници во Шри Ланка, при што некои тврдокорни будистички групи ги обвинија муслиманите дека ги присилуваат луѓето да се преобратат во ислам и да ги уништат будистичките археолошки локалитети.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Јован Деспотовски
-
ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека ДУИ и СДСМ го уништуваат здравството и во последните денови од владеењето
-
Продолжуваат преговорите за влада меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди, учеството на Знам неизвесно
-
СДСМ се подготвува за нов лидер
-
Нов хаос на Клинички, цела ноќ ќе нема вода - операции не се прават и во кумановската болница
-
ФЕД нема да ги намали каматите, ЕЦБ ќе почне од следниот месец
-
Холанѓаните пристигнуваат - Охридскиот аеродром раздвижен
-
ЦУК со иницијатива до Град Скопје