Балкан
17. September 2015 - 18:43

Шокантно сведочење на една тинејџерка - Од лицето ми гасеше цигари и ме кршеше од ќотек...

 Малолетната А.С. (17) тврди дека била малтретирана од припадникот на граничната полиција на Босна и Херцеговина - Е.Ш., а целиот кошмар и траел две години.  Таа за Дневни Аваз раскажала дека откако го пријавила во полиција, почнала да добива секојденвни закани и на секој начин била принудувана да го повлече својот исказ.
 
- Тој е постар од мене 10 години, а кога се запознавме ми рече дека е разведен. Неколку месеци подоцна сфатив дека лаже. Кога почнавме да се гледаме, многу брзо почна да се обидува да ме скара со мајка ми и татко ми и постојано ги провоцираше. Родителите ми се разведени, па кога ме скара со мајка ми морав да се преселам во неговиот стан, раскажува АС.
 
 Кога биле тртеа одина во средно, секој ден ја чекал после училиште се додека не ја убеди да му стане девојка.
 
- Кога почна да биде насилен, на училиште ми ги забележуваа модринките и сите добро знаеа од каде ми се. Мајка ми и татко ми ги лажев дека ми се од физичко, дека сум паднала... мислев дека ќе престане. Јас самата ја правев истата грешка затоа што секогаш му се враќав.... На крај одлучив на се да ставам крај кога последниот пат брутално ме претепа.
 
- Се кулминираше кога ме претепа. Ми скрши неколку коски и изгаси две цигари од моето лице. Лекарите ми констатираа губење на слухот во едното уво и оштетуавње на другото. Скршениците веќе ни ги ни бројам. Сега сакам се да престане, вели девојката низ солзи.
 
Е.Ш. сега е суспендиран поради овие обвиненија и одземени му се значката и службениот пиштол.
 
- Тие обвиненија и тоа што таму го нашишале нема никаква врска со здрав памет. По советот на мојата адвокатка, не смеам да давам исказ за овој случај затоа што полицијата се уште ме нема сослушано. Ќе дојде времето кога ќе се докаже кој ја зборува вистината, а кој лаже, изјавил Е.Ш. за босанскиот весник.