Македонија
22. July 2015 - 19:32

Шокантно: Мајка си го ставила болното дете во машина за перење

Една млада мајка на Фејсбук објавила фотографии на кои се гледа како синчето го ставила во машина за перење алишта.
 
21-годишната Кортни Стјуард има син со Даунов синдром, а на социјалната мрежа вели дека детето уживало во машината.
 
Откако пријателите и сите кои ги виделе фотографиите почнале да ја напаѓаат, таа се правдала дека машината не била вклучена и дека вратичката воопшто не била затворена.