Loading Video...
Фудбал
18. March 2022 - 19:04

Шкупи со пресврт славеше на гостувањето кај Струга ТЛ со 3-1

Поради настапот на македонската фудбалска репрезентација и престојниот дуел против Италија во баражот за СП, натпреварите од 24.коло во ПМФЛ се играат ден порано. 
 
Лидерот на табелата Шкупи забележа победа со 3-1 на гостувањето кај Струга ТЛ иако домаќините со голот на Босанчиќ први поведоа. 
 
Превсртот го најави Адетунџи кој го израмни резултатот, а во вториот дел со головите на Радески и Имери, тимот ос скопски Чаир стигн а до победата и нови три бодови.
 
Останатите натпревари на програмата се утре со почеток од 15 часот, а двојките се: 
РЕНОВА –  РАБОТНИЧКИ 
ПЕЛИСТЕР –  БРЕГАЛНИЦА
БОРЕЦ 1 –  МАКЕДОНИЈА Ѓ.П.
СКОПЈЕ –  ШКЕНДИЈА
ТИКВЕШ –  АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ